Top Sport

Белингем по ЕП ќе оди на операција

Џуд Белингем (20) брилјираше во првата сезона за Реал и веднаш покажа зошто клубот минатото лето за не го плати 103 милиони евра и зошто со бонуси ќе чини уште 30 милиони евра.

Офанзивниот играч за врска постигна 23 гола и забележа 13 асистенции на 42 натпревари. Со реал ја освои Ла Лига и Лигата на шампионите. Го обожаваат соиграчите, навивачите и новинарите, а цела сезона го споредуваат со Зинедин Зидан.

Шпанците тврдат дека Белингем ќе го пропушти почетокот на наредната сезона поради повредата на рамото.

Англичанцот има проблем со таа повреда, ќе мора да оди на операција, но тоа ќе го направи по Европското првенство. Доколку замине на операција, Белингем ќе ги пропушти комплетните подготовки и стартот на новата сезона.

Scroll to Top