Луис Хамилтон ја продолжи својата победничка низа со триумф на Руското ГП во Сочи пред својот колега од Мерцедес, Валтери Ботас и пред Себастијан Фетел во Ферари, за да ја зголеми предноста во генерален пласман на фантастични 50 поени пред Фетел за петтата светска титула да е многу блиску.
Клучен за победата на Хамилтон беше „великодушниот“ потег на неговиот колега, Финецот Ботас, кој го пропушти во средината на трката. Хамилтон го задржа Фетел на стартот во Сочи, но по влегувањата во боксот беше накратко зад него пред да го врати водството.
Кога Фетел повторно го постави под „притисок“ во 25. круг, Мерцедес преку радиото му порачаа на Ботас да го пуштат колегата, и Финецот се откажа од шансата да стигне до својата прва победа оваа сезона. На крајот, ова е осма победа на Хамилтон во 2018 и петта во последните шест трки, и трет 1-2 финиш за Мерцедес.
BOTTAS: “A difficult day. A good result as a team but personally as everyone saw it was quite difficult. Lewis is fighting for the championship so we always have a plan, but it is what it is” #RussianGP ?? #F1 pic.twitter.com/3k7kgmSKIV
— Formula 1 (@F1) September 30, 2018
„Ова беше тежок ден за нас. Валтери заврши фантастична работа цел викенд и беше вистински џентлмен што ме пушти. Сфаќам дека беше тешко за него, но тој заврши брилијантна работа“, изјави Хамилтон по трката која бргу ќе се заборави, но тимските наредби сигурно ќе бидат под дискусија.
Кими Раиконен го освои четвртото место за Ферари со 14 секунди предност пред Макс Ферстапен во Ред бул, кој беше пред колегата Даниел Рикардо. Поени уште освоија и Шарл Леклер и Кевин Магнусен за Заубер, и Естебан Окон и Серхио Перез за Форс Индија.
RACE CLASSIFICATION: @LewisHamilton extends his championship lead to 50 points with five races to go #RussianGP ?? #F1 pic.twitter.com/sPNfPstO9m
— Formula 1 (@F1) September 30, 2018
VETTEL: “It was tricky – they (HAM & BOT) worked very well together. I tried to put pressure on Valtteri but couldn’t get close enough… It was a good race… but not the result we wanted” #RussianGP ?? #F1 pic.twitter.com/0CKSclUNP9
— Formula 1 (@F1) September 30, 2018