Top Sport

Џенова го има „новиот Левандовски“: Кшиштоф Пјатек (видео)

Џенова на Горан Пандев  стигна до 2:1 победа на гостувањето кај Фросиноне благодарение на новата полска напаѓачка ѕвезда Кшиштоф Пјатек, кој постигна два гола за три минути за да има вкупно осум постигнати голови досега во само шест меча во Серија А.

Фиорентина пак, стигна до значајна победа над Аталанта од 2:0 за да се пробие на третото место во Серија А со 13 поени, дури осум помалку од лидерот Јувентус.

Виола успеа да го скрши отпорот на клубот од Бергамо дури во 63. минута, кога беше досуден контроверзен пенал, а Жордан Верету беше сигурен од белата точка. Кристијано Бираги го потврди триумфот во 93. минута. За Аталанта пак, ова е продолжување на лошата серија и тимот сега има шест натпревари без победа во Серија А.

СЕРИЈА А, 7.КОЛО

Болоња – Удинезе 2:1

Киево – Торино 0:1

Фиорентина – Аталанта 2:0

Фросиноне – Џенова 1:2

Scroll to Top