Женската кошаркарска репрезентација на САД го освои златниот медал на Светското првенство во Шпанија. Американките во финалето ја победија Австралија 73:56.
Кошаркарките од САД клучната предност ја остварија во третиот период (26:11) и во решавачката четвртина влегоа со предност од 23 поени.
Најефикасна во редовите на старо-новите светски првенки беше Бритни Грајнер со 15 поени, два помалку постигна Диана Тауриси.
МВП признанието на ова светско првенство го понесе Бриана Стјуарт. Покрај неа во идеалната петорка на првенството се уште и нејзината сонародничка Диана Таураси, Австралијката Лиз Кејмбејџ, Белгијката Ема Месеман и Шпанката Еста Ндур.
Your #FIBAWWC 2018 All-Star Five!
? @DianaTaurasi ???
? @EmmaMeesseman ???
? @ECambage ???
? @NdouraStou ???
? @BreannaStewart ???Big round of applause ???
? RT to congratulate them! pic.twitter.com/JLczJEYYoL— FIBA (@FIBA) September 30, 2018
Американките со оваа победа обезбедија пласман на Олимписките игри во Токио.
САД, во 11.финале ја освоија десетта титула во историјата. Единствено о 1980 година САД не успеаја да се закитат со златото.
Су Бирд е првата кошаркарка во историјата со четири титули светски првак. Ова е единствен пример не само во женската туку и во машката кошарка.