Лацио потврди дека Чиро Имобиле и Сергеј Милинковиќ-Савиќ потпишале нови договори со римскиот клуб, со што тие ќе останат сигурно до 2023 година, ставајќи крај на шпекулациите за можен трансфер, посебно на српската ѕвезда.
Популарниот СМС беше поврзуван со трансфер во повеќе врвни клубови, а неговиот агент Матеја Кежман тврдеше дека Пари Сен-Жермен му понудиле договор од 8 милиони евра по сезона. Јувентус, Милан, Реал Мадрид и Манчестер јунајтед исто така беа поврзувани со можен трансфер на Милинковиќ-Савиќ, но тој ќе остане во Рим на подолго време.
Според италијанските медиуми договорот на Милинковиќ-Савиќ има излезна клаузула од околу 150 милиони евра, иако Лацио тоа не го објавија во својата кратка објава.