Фудбалскиот клуб Барселона ќе мора да продава играчи во 2019 година за ги испочитува правилата од финансискиот фер-плеј на УЕФА. За да има „чисти книги“, Барселона ќе мора од продажбата на фудбалери да инкасира 131 милиони евра.
Оваа година Барселона одлично ги одработи трансферите. Деветмина го напуштија клубот, а од нивните трансфери во клупската каса влегле 137 милиони евра.
Според некои шпекулации, Барселона ќе биде активна на трансфер пазарот веќе во јануарскиот преоден рок. На ова се надоврзува и информацијата дека најдобриот играч во тимот, Лионел Меси, наводно побарал од раководството клубот да го напуштат Нелсон Семедо, Рафиња Алкнатара и Томас Вермален.