Реал Мадрид со трофеј ја отвори новата сезона. Европскиот првак, во Вараша, со победата над Аталанта 2:0 (0:0), го освои Суперкупот на УЕФА. „Кралскиотклуб“ шест пат во историјата го освои овој трофеј. За Реал дебитираше Килијан Мбапе и на дебито францускиот репрезентативец постигна гол.
Бавно о незанимливо прво полувреме одиграа Реал и Аталанта. Тимот од Бергамо имаше шанса кога по ударот на Де Рон топката од главата на Милтиао заврши во гредата, а во финишот на првиот дел Родриго ја погоди гредата.
Марио Пашалиќ и Тибо Курота најавија дека второто полувреме ќе биде со поголем интензитет и квалитет.
Во 46.минута, Пашалиќ упати идар со глава, Куртоа со одлична интервенција ја исфрли во корнер.
По 50 минута играчите на реал го засилија темпото. Искористија две лоши реакции во одбраната на Аталанта и го решија мечот.
Валверде погоди во 58.минута по додавањето од Винисиус. Потоа во седум-осум минути шанси имаа Белингем, Винисиус и повотрно Белингем. Резултатот остана 1:0 до 69.минута кога Мбапе го постави конечниот резултат.