Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на Јапонија. Во Сузука, Британецот стигна до осмата пол-позиција во сезоната, вкупно 80.во кариерата со време 1:27.760 минути.
Успешните квалификации на Мерцедес ги комплетираше Валтери Ботас кој ќе стартува од второто место. Ботас зад тимскиот колега задоцни 0,299 секунди.
Доминацијата на Мерцедес ја покажува и разликата од 1,297 секунди што третопласираниот Максе Ферстапен ја имаше во однос на Хамилтон. Од вториот ред до Холанѓанецот трката ќе ја започне Кими Раиконен на Ферари.
Зад нив следуваат Роман Грожан (Хас), Брендон Хартли (Торо Росо), Пјер Гасли (Торо Росо), Естебан Окон (Форс Индија), Себастијан Фетел (Ферари) и Серхио Перез (Форс Индија).
Квалификациите ги обележа и лошата тактика на Ферари, бидејќи двајцата возачи во последната квалификациска сесија излегоа со гуми за променливи услови иако патеката беше сува. Подоцна кога ставија супер меки гуми, во Сузука започна да паѓа дожд, поради што не можеа да ги подобрат своите резултати.
Трката за Големата награда на јапонија ќе се вози утре со почеток во 7:10 часот.