Еден Азар го постигна својот седми гол во Премиер лигата оваа сезона предводејќи го тимот до 3:0 победа на гостувањето кај Саутемптон, по што призна дека е во најдобрата форма во неговата кариера.
Белгиецот сега има придонес во 11 голови на Челси оваа сезона, „експлодирајќи“ под новиот тренер Маурицио Сари и самиот признава дека тоа му се допаѓа.
„Уживаме во фудбалот и во постигнувањето голови. Првото полувреме не беше лесно, тие ги пропуштија своите шанси, по што имавме малку среќа. Потоа го контролиравме мечот. Не знам дали сум играл подобро од сега, но играм добро бидејќи Челси игра добро. Сакам да остане така и сите да бидат среќни. Не си поставувам цели пред мене, среќен сум додека победуваме. Некои луѓе мислат само на головите“, вели Азар.