Европската фудбалска унија (УЕФА) наредила подлабока истрага во врска со трошењето на пари во фудбалскиот клуб Галатасарај. Галатасарај оваа сезона, заедно со ПСЖ, се наоѓа под засилен надзор поради можното кршење на правилата пропишани со финансискиот фер-плеј.
Според финансискиот фер-плеј, клубовите во Лигата на шампионите и Лига Европа можат да потрошат онолку пари колку што заработиле.
Истражителите на УЕФА, во јуни, постигнале договор со Галатасарај, но сепак нејзината финансиска комисија решила да „ја врати понатамошната истрага“.
Додека трае случајот, остана да важи договорот, Галатасарај да плати шест милиони евра од наградата што ќе ја добие од УЕФА и тимот што настапува во Лигата на шампионите да го ограничи на 21 фудбалер, а не на 25.