Top Sport

Челси со „многу пари“ ќе го убедуваат Азар да остане во Лондон

Челси имаат план да го убедат Еден Азар да остане во клубот и да потпише нов договор, јавува британскиот „Скај спортс“, по неговите нови „сигнали“ кон Реал Мадрид.

27-годишната белгиска суперѕвезда има уште две години од неговиот договор со клубот од западен Лондон, а „сините“ се очајни да го задржат откако тој самиот призна дека е во најдобрата форма во кариерата со новиот тренер Маурицио Сари, а клубот е на делба на првото место во Премиер лигата.

Челси и минатата сезона преговараа со него за продолжување на договорот, но тие се поставија на „пауза“, а откако го постигна осмиот гол оваа сезона по 3:0 победата над Саутемптон, Азар призна дека е на „два ума“ околу сонот да се игра за Реал Мадрид или да се остане на „Стемфорд Бриџ“.

„Понекогаш во главата, кога се будам мислам дека сакам да си одам. Понекогаш, сакам да останам. Тоа не е лесна одлука. Имам 27, а во јануари ќе наполнам 28. Сакам да направам нешто што е добро за мене, но сакам и добро за клубот кој ми даде сѐ. Не сакам да кажам ќе потпишам нов договор и на крајот да не го потпишам. Затоа ќе видиме“, изјави Азар.

Фото: ЕПА

Scroll to Top