Top Sport

Челси ќе ги праќа расистичките навивачи во посета на Аушвиц

Англискиот премиерлигаш Челси има план да ги прати фановите кои направиле расистички или антисемитистички прекршоци во посета на Аушвиц, каде што би добиле историска лекција.

Иницијативата е поддржана од сопственикот на клубот, Роман Абрамович, кој самиот е Евреин, и со неа на расистичките навивачи ќе им биде одземан сезонскиот билет со опција за враќање ако посетуваат едукативни курсови и турнеи на концентрациониот камп во Полска.

„Ако само им забраниш пристап, никогаш нема да го сменат своето однесување. На овој начин тие ќе имаат шанси да сфатат што направиме и ќе се обидеме да ги смениме. Во минатото, само ќе ги суспендиравме на три-четири години. Сега им велиме: ’Направивте нешто лошо, и имате опција – или нема да бидете на стадионот или ќе сфатите каде погрешивте’“, вели Брус Бак, претседателот на бордот на Челси.

Клубот неколку пати јавно се оградуваше од своите навивачи за антисемистичките извици, посебно на мечевите против Тотенхем.

Scroll to Top