Линдзи Вон по завршувањето на сезоната што допрва ќе започне, ќе стави крај на импресивната кариера, пренесе „НБЦ спорт“.
33-годишната Американка, која во Светскиот куп има остварено 82 победи ќе се пензионира дури и да не го собори рекордот на Ингемарк Стенмар, кој е рекордер со 86 победи.
„Доколку го соборам рекордот тоа ќе биде фантастично. Ќе ги остварам сништата. Во спротивно, па ислам дека и покрај тоа имав импресивна кариера. И понатаму имам најмногу победи во историјата“, рекла Вон.
Амерканката првично планираше да се натпреварува до 2020 година, меѓутоа повредите што зачестија во последните три години ја натерале да ја смени одлуката.
Линдзи Вон во кариерата има 82 победи во Светскиот куп, а вкупно 137 пати била на подиумот меѓу најдобрите три. Има освоено четири големи Кристални глобуси и 16 мали. На Зимските олимписки игри има еден златен и два бронзени медали, а на СВетските првенства освоила две златна, три сребра и две бронзи.
Lindsey Vonn at JP Morgan Women’s Summit #HightowerSTL #TogetherWE pic.twitter.com/UYyzKhtrFb
— Barbara Archer (@barcherstl) October 11, 2018