Top Sport

Без публика и без голови во Риека, Лукаку донесе победа за Белгијците (видео)

Двата меча од кои се очекуваше многу од Лига А во Лигата на нации, донесоа разочарувачки фудбал.

Во Риека, во реприза на полуфиналето од Светското првенство во Русија, Хрватска и Англија одиграа без голови пред празни трибини. Ова беше деби на Англија во Лигата на нации на УЕФА, додека Хрватска во првиот меч доживеа катастрофа од 6:0 на гостувањето кај Шпанија.

Белгија, предводена од Ромелу Лукаку стигна до 2:1 победа над Швајцарија за да се искачи на првото место во групата 2 во Лига А.

Во Лига Б, Австрија со минимални 1:0 ја совлада Северна Ирска за да се доближи до првопласираната Босна и Херцеговина, додека во Лига Ц, Финска стигна до доцна 1:0 победа над Естонија за да остане на првото место пред Грција, која со идентични 1:0 ја совлада Унгарија.

Фото: ЕПА

ЛИГА НА НАЦИИ

ЛИГА А, ГРУПА 2

Белгија – Швајцарија 2:1

Табела: 1.Белгија 6, 2.Швајцарија 3, 3.Исланд 0

ЛИГА А, ГРУПА 4

Хрватска – Англија 0:0

Табела: 1.Шпанија 3, 2.Англија 1, 3.Хрватска 1

ЛИГА Б, ГРУПА 3

Австрија – Северна Ирска 1:0

Табела: 1.БиХ 6, 2.Австрија 3, 3.С.Ирска 0

ЛИГА Ц, ГРУПА 2

Естонија – Финска 0:1

Грција – Унгарија 1:0

Табела: 1.Финска 9, 2.Грција 6, 3.Унгарија 3, 4.Естонија 0

ЛИГА Д, ГРУПА 2

Белорусија – Луксембург 1:0

Молдавија – Сан Марино 2:0

Табела: 1.Белорусија 7, 2.Луксембург 6, 3.Молдавија 4, 4.Сан Марино 0

Scroll to Top