Голден стејт Вориорс и Орландо Меџик се пласираа во плеј-офот во НБА лигата со победите над Мемфис, односно Атланта. Вориорс во првата рунда на Западот ќе играат против Хјустон, а Орландо на Истокот за противник ќе го има Бостон.
Стеф Кари и Џими Батлер го предводеа Вориорс до победата над Мемфис 121:116. Тие заедно постигнаа 75 поени.
Мемфис започна одлично. Морант беше лидер на тимот, гостите водеа со 11:2, но потоа се појави Џими. Почна да погодува од сите позиции, Вориорс водеа дури и со 13 разлика во првото полувреме, но Мемфис го врати резултатот со серија од 7:0.
Во продолжение Вориорс одлично шутираа, во вториот дел остварија 20 поени предност. Меѓутоа, на спротивната страна се појави Морант го врати Мемфис во натпреварот.
Во третиот Мемфис уште повеќе го засилија ритамот и во последниот период влегоа со минус од еден поен (91:92).
До самиот крај на натпреварот беше неизвесно, а потоа се појави Стеф Кари. Тој погоди две тројки и му донесе предност на Голден Стејт од шест поени. Следуваше пенал завршница која им припадна на Вориорс.
Најефикасни во победничкиот табор беа Џими Батлер со 38 поени и Стеф Кари со 37 поени. Од друга страна, Дезмонд Бејн постигна 30 поени, а Џа Морант додаде 22.
Орландо Меџик убедливо победи против Атланта Хокс со резултат 120:95 и закажа дуел со Бостон Селтикс во плеј-офот.
Тимот на Меџик одигра фуриозно прво полувреме, пред се дефанзивно и стекна предност од 15 поени. Атланта во третиот период започна да ја топи разликата, но не успеа да избори нешто повеќе. Орландо во последната четвртина го декласира противникот со 41:22.