Top Sport

(Видео) Тајлер Хиро херој на Мајами

Кошаркарите на Мајами победија на гостувањето кај Чикаго со 109:90, во својот прв натпревар во овосезонскиот плеј-ин од Источната конференција на НБА лигата.

За пласман во првата рунда од плеј-офот, Мајами ноќта меѓу петок и сабота ќе игра на гостински терен против Атланта, додека Чикаго со овој пораз ја заврши сезоната.

Најефикасен во тимот на Мајами беше Тајлер Хиро со 38 поени, пет скока и четири асистенции.

Ендрју Вигинс додаде 20 поени и девет скока, Дејвион Мичел забележа 15 поени и девет асистенции, додека Бем Адебајо забележа дабл-дабл со 15 поени и 12 скока.

Во тимот на Чикаго најефикасен беше Џош Гиди со 25 поени и 10 скока.

Коби Вајт додаде 17 поени, црногорскиот центар Никола Вучевиќ забележа дабл-дабл со 16 поени и 12 скока, додека Кевин Хертер постигна 10 поени.

Победникот од дуелот меѓу Атланта и Мајами во плејофот ќе влезе од осмата позиција и во првото коло ќе игра против Кливленд.

Scroll to Top