Top Sport

Ливерпул ќе плати 70 милиони евра за Жоао Педро

Ливерпул по освојувањето на титулата во Премиер лигата, започна со мала реконструкција на тимот. Челниците на клубот од „Енфилд“ ќе потрошат рекордна сума во еден преоден рок.

„Следува голем преоден рок“, рече по освојувањето на титулата, капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк.

Трансферот на Џереми Фримпонг, кој доаѓа на местото на Тренет Александер-Арнолд, е веќе договорен, а клубот е блиску и до трансферот на Флоријан Вирц. За овој трансфер клубот ќе треба да издвои преку 100 милиони евра. Се договараат и последните детали со Милош Керкез од Борнмут.

Планот е во овој преоден рок на „Енфилд“ да дојде и нов напаѓач, бидејќи е јасно дека Диого Жота и Дарвин Нуњез ќе го напуштат клубот.

Новата цел на Ливерпул е напаѓачот на Брајтон, Жоао Педро.

Бразилскиот напаѓач одигра извонредна сезона, клубот нема да му стои на патот, доколку Ливерпул испрати добра понуда.

Ливерпул е подготвен да за Педро 70 милиони евра.

Оваа сезона, тој постигна десет гола и додаде шест асистенции во дресот на Брајтон.

Scroll to Top