Top Sport

Сеск ја прифатил понудата од Интер

Франсеск Сеск Фабрегас ќе биде новиот тренер на Интер.

Според новинарот Санти Ауна, Шпанецот ги договорил условите под кои ќе го преземе европскиот вицепрвак. Интер сега треба да се договори со Кома во врска со трансферот на младиот стручњак.

Фабрегас (38) беше првиот пик на Интер за наследник на Симоне Инзаги, кој го напушти „Џузепе Меца“ по дебаклот во финалето на Лигата на шампионите.

За Шпанецот, работата во Комо беше првиот тренерски ангажман во неговата кариера, а минатата сезона го освои десетто место во Серија А со амбиции да се бори за место во Европа.

Фабрегас во последните недели ги одби понудите да ги преземе Рома, односно Баер Леверкузен.

Фудбалските фанови особено го паметат Фабрегас како најмладиот капитен во историјата на Арсенал, во кариерата играше и за Барселона, Челзи и Монако.

Scroll to Top