Top Sport

Сензацијата не запира: 361. во светот влезе во полуфиналето на Ролан Гарос

Лоис Боасон (22) приреди уште една сензација на Ролан Гарос. Во четвртфиналето ја победи Мира Андреева со 7:6, 6:3 за нешто повеќе од два часа игра.

Боасон, 361. на ВТА листата, откако во претходната рунда ја победи Џесика Пегула, во екстаза ги фрли домашните фанови и во четвртфиналето со поебдата над шестата носителка, Андреева.

Боасон неодамна се најде во центарот на вниманието, кога Хариет Дарт му кажа на судијата на турнирот во Руан да ѝ каже на Французинката „да користи дезодоранс затоа што смрди“.

Видеото стана вирално, а Боасон одигра брилијантен турнир. Го освои челинџерот со награден фонд од 75.000 долари.

Во Париз ги совлада Елиз Мертенс, Анхелика Калињина, Елза Жакмон и Пегула.

Scroll to Top