Фудбалерите на Фламенго го победија Челзи со 3:1 во натпреварот од второто коло на Светското клупско првенство. Англичаните поведоа со голот на Педро Нето во 13. минута, но Бразилците доминираа во вториот дел. Најпрво израмни Бруно Хенрике во 62. минута, додека Данило во 65. погоди за 2:1. Конечните 3:1 ги постави Валас Јан во 83.
Работата на Фламенго ја олесни Николас Џексон, кој доби директен црвен картон во 68. минута. Сенегалскиот напаѓач влезе во игра во 64. минута, а неколку моменти подоцна со високо крената нога го удри Лукас Аиртон. Судијата веднаш го исклучи и го остави Челзи со десет играчи, кои Јан ги искористи за третиот гол.
68' You can’t script this.
Nicolas Jackson subbed on… and sent off 4 minutes later 🟥😱Watch the @FIFACWC | June 14 – July 13 | Every Game | Free | https://t.co/i0K4eUtwwb | #FIFACWC #TakeItToTheWorld #FLACHE pic.twitter.com/4hvEGYxPRQ
— DAZN Football (@DAZNFootball) June 20, 2025
Џексон се извини по натпреварот во порака на Инстаграм.
„Сакам да се извинам. На клубот, моите соиграчи и сите навивачи кои гледаа. Ве изневерив. Уште еден црвен картон и искрено, многу сум лут на себе. Работам напорно секој ден за да му помогнам на тимот, а не да го ставам во оваа ситуација. Сè уште не разбирам целосно како се случи. Но, едно е сигурно, тоа не беше намерно. Тоа беше момент во играта кој тргна наопаку. Нема извинување. Ја преземам целосната одговорност. Ќе размислувам за се, ќе учам од тоа и ќе се вратам посилен за сите што веруваат во мене. Извинете.Прости ми“, напиша.
Тоа беше негов втор црвен картон сезонава, по првиот дел во Премиер лигата, додека вкупно четири пати во кариерата беше исклучен.
Тренерот на Челзи, Енцо Мареску беше прашан што мисли за исклучувањето на Џексон, а тој одговори: „Тоа беше црвен картон. Немам што да кажам“.