Еден Азар, најдобриот играч на Челси, рекол дека би можел кариерата да ја заврши во овој клуб. Белгиецот во Челси е од 2012 година и со клубот има освоено две титули во Премиер лигата.
Азар со месеци се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, а тој самиот често истакнува дека негов сон е да го облече дресот на „кралскиот клуб“.
Меѓутоа неговите изјави во изминатиот период кои се поврзани со двата клуба, во најмала рака се контроверзни. Еден вели дека сака да оди во Реал, а наредниот ќе изјави дека е среќен во Челзи. Во тој контекст е и најновата изјава на Белгиецот.
„Би можел кариерата да ја завршам во Челси. Немам проблем со тоа. Среќен сум во клубот, задоволен сум од тимот, моето семејство е овде, па и доколку не одам во Шпанија тоа нема да претставува никаков проблем“, рекол Азар.
Белгискиот фудбалер одлично исто како и целиот тим одлично ја започна новата сезона под водство на Маурисио Сари. Челси е без пораз, а Азар е најдобар стрелец во Премиер лигата, со седум постигнати гола.
„Ги сакам навивачите, а мислам дека и тие мене ме сакаат. Што и да се случува во иднина јас е бидам среќен“, дополнил Азар.