Бразилската актерка Бруна Маркезине потврди дека веќе не е во врска со суперѕвездата на ПСЖ, Нејмар, иако не сакаше да ги открие деталите околу крајот, уверувајќи ги фановите дека не се работи за политика.
23-годишната Маркезине ја коментираше врската на Гала вечера во родниот Бразил во четвртокот, велејќи дека одлуката била на Нејмар и дека уште има „многу љубов“ меѓу двајцата.
„Тоа беше негова одлука, но имаме голема почит, многу љубов кон него и нема проблеми. Знаете дека не зборувам за мојот личен живот. Сега кажувам бидејќи морам да кажам за да не се шпекулира“, изјави Бруна.
Шпекулациите во Бразил велеа дека тие се „судриле“ поради политиката во Бразил, кој се наоѓа пред избори за претседател со наелектризирана атмосфера.
„Сакам да бидам јасна дека тие работи немаат врска“, изјави Маркезине.
Нејмар и Бруна беа заедно од 2012 година, иако неколку пати ја прекратуваа врската.