Top Sport

Марадона нема ’рскавица во коленaтa, нема да може да оди без операција! (видео)

Хирургот на Диего Марадона, Херман Очоа откри дека легендата на аргентинскиот фудбал веќе нема ’рскавица во двете колена, откако се појави видео на кое Марадона едвај одеше на еден тренинг со неговиот нов клуб, мексиканскиот второлигаш Дорадос де Синалоа.

Докторот Очоа исто така потврди дека наскоро на Марадона ќе му биде потребна протетика за воопшто да може да се движи.

„Го познавам Диего од 2004 година кога го оперирав неговото десно колено, 27 дена откако се откажа од фудбалот на ’Бомбонера’. Тогаш во јуни оваа година пред Светското првенство во Русија му направивме интервенција за да може да патува. Марадона има сериозен остоеартритис на двете колена и нема останато ’рскавица, така што коските се гребат една од друга. Ова е сериозен проблем бидејќи предизвикува огромна болка. Решението е да се оперира и да се стави протетика. Нема да дојде до степенот Диего да не може да оди. Новите технологии му нудат решение“, изјави Очоа.

Scroll to Top