Одбојкарките на Србија ја освоија светската титула, првата во својата историја. На првенството кое денес заврши во Јапонија, Србија ја совлада Италија во големото финале со 3:2 (21:25, 25:14, 23:25, 25:19, 15:12).
Србинките ги обединија светската и европската круна, што претходно им успеа само на одбојкарките на поранешниот Советски сојуз во 1989 и 1990 година. Инаку ова е втор медал за Србија на мундијалите, откако претходно во 2006 година го освоија третото место.
Финалето што се одигра во Јокохама, донесе врвна одбојка, Италијанките два пати имаа предност по сетови 0:1 и 1:2, но не издржаа.