Лионел Меси по 17 минути игра го напушти дербито против Севилја поради повредата на раката. Од Барселона нема информација околу сериозноста на повредата, но се претпоставува дека тој ги истегнал лигаментите на подлактицата.
Аргентинецот фуриозно го започна дербито, во седмата минути му асистираше на Кутињо за првиот гол на Барселона, а пет минути подоцна самиот го совлада Вацлик за 2:0.
Во 17.минута по еден дуел со сонародникот Франко Васкез, остана да лежи на тревникот со болна гримаса. Неколку минути подоцна Меси ја напушти играта.
Некои шпекулации велат дека Меси ќе ги пропушти наредните две средби на својот тим, во кои Барса ќе се соочи со сериозни противници. Во лигата на шампионите Барселона ќе игра против Интер, а во наредното коло е дербито против Реал.