Фудбалерот на Барселона, Лионел Меси, најмалку три недели ќе паузира поради повредата со која се доби синоќа на натпреварот против Севилја. Поради повредата Меси ќе го пропушти дербито со Реал наредната сабота.
Меси, маестрално го започна дуелот со Севилја, во втората минута му асистираше на Кутињо кој го постигна првиот гол, а десет минути подоцна самиот зголеми на 2:0. Сепак, по еден дуел со Франко Васкез мораше да го напушти теренот по само 26 минути игра.
Барселона потврди дека Аргентинецот се здобил со фрактура, односно дека има прелом на радијалната коска на подлактицата. Првите прогнози се дека тој ќе мора да паузира три недели.
Поради повредата Меси ќе го пропушти дуелот со Интер во Лигата на шампионите, но и мечот на сезоната, дуелот со Реал.
„Ел класико“ е на програмата на 28.октомври и ќе биде првото дерби уште од декември 2007 година во кое актери нема да бидат Меси и Кристијано Роналдо.