Top Sport

Нов гол на Несторовски (Видео)

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски го постигна четвртиот гол сезонава во Серија Б, а Палермо победи на тешкото гостување во Лече.

Несторовски го постигна првиот гол на натпреварот во 29.минута. Напаѓачот на Палермо го совлада домашниот голман со прецизен удар од 18 метри.

Лече израмни на 1:1 осум минути подоцна со голот на Табанели, а конечните 1:2 ги постави фудбалерот со славно презиме Пушкаш во 85.минута.

Вториот Мекедонец од Палермо, Александар Трајковски настапи од 71.минута кога го замени Морео.

Палермо се оваа победа стигна до второто место на табелата со 14 бода и со натпревар помалку има лидерот Пескара.

Во наредното коло, в петок, Палермо ќе ја пречека Венеција.

Scroll to Top