Жозе Мурињо, пред сѐ, сакаше да се дистанцира од шпекулациите кои го поврзуваат со враќање на „Сантијаго Бернабеу“, по проблемите на Хулен Лопетеги и низата од пет меча без победа на Реал Мадрид.
„Не, јас дефинитивно сум среќен тука. Сакам да го исполнам договорот и би сакал да остана и потоа. Во моментов размислувам само на Манчестер јунајтед“, вели Мурињо пред мечот од ЛШ против Јувентус на „Олд Трафорд“ во вторник навечер.
Мурињо исто така зборуваше за тренерот Марко Јани, со кого имаше близок контакт во финишот на мечот против Челси (2:2), кога Рос Баркли израмни во последните минути. Јани истрча пред Мурињо и нешто му дофрли, по што Португалецот стана од своето столче, но Мурињо вели дека тој не треба да биде отпуштен.
„Сериозно, сакам само да му се заблагодарам на Маурицио Сари за искреноста. И на Челси исто така, но не треба да се реагира со отказ. Тој него заслужува тоа. Го прифатив извинувањето и тоа е доволно“, додава Мурињо.
A closer look! ?
It seems @ChelseaFC assistant coach Marco Ianni incensed Mourinho when he celebrated in his face following the equaliser! ?
Match report: https://t.co/DSbgFX9jYY pic.twitter.com/3PvQx1o9sE
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) October 20, 2018
Chelsea coach Marco Ianni, second assistant to Sarri, celebrates Barkley’s equaliser in front of Mourinho,
Cue drama. pic.twitter.com/tK7egJdyUB
— Standard Sport (@standardsport) October 20, 2018