Top Sport

Нервоза во Реал! Рамос се извинуваше по инцидентот со Регујон (видео)

Работите не одат најдобро за Реал Мадрид, тоа е јасно. Тимот на Хулен Лопетеги има пет меча без победа и се седми во Шпанија, и нервозата беше јасно видлива на тренингот на тимот, во кој Серхио Рамос реши да му се „пушти“ на фудбалерот од младинскиот тим, Серхио Регујон.

Капитенот на тимот при играње ракомет на тренинг го „зафатил“ носот на Рамос со рамо, по што Рамос реши да реагира неспортски, како што може да се забележи на видеото.

Рамос веднаш се извинио на Твитер, велејќи дека нема изговор за неговото однесување.

„Иако не така како што изгледа, и ова се обични ситуации, нема изгоров, мојата реакции не смее да биде ваква. Но, секогаш одиме до крај, нели Регуи?“, напиша Рамос.

Регујон веднаш го прифати извинувањето.

„Секогаш со мојот тим и со мојот капитен, за победа утре“, одговори Регујон.

Scroll to Top