Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа, ќе игра во полу-финалето на ИТФ фјучрсот во Истанбул. Таа денеска, во два сета, успеа да ја совлада Дарија Кружкова.
Ѓорческа успеа својата противничка да победи со 6:3, 6:2. Иако лошо влезе во мечот, на стартот и дозволи брејк на противничката, Ѓорчевска бргу се врати на вистинскиот колосек и по негативата 0:2, првиот сет го доби со 6:3.
Во вториот сет имаше уште полесна задача, на противничката и препушти само два гема.
Македонката за пласман в финалето ќе игра против Романката Ралука Шербан.