Голманот на Барселона, Марк-Андре Тер Штеген е еден од најдобрите во светот, а фудбалската јавност ја воодушеви со своите интервенции на натпреварот против Севилја. Германскиот репрезентативец, одговарајќи на новинарски прашања, посочил кои се двајцата најдобри голмани во светот, во овој момент.
Тер Штеген рекол дека многу го почитува репрезентативниот колега Мануел Ноер, но тој не се наоѓа во неговиот избор, исто како и Дави Де Хеа, за кого многумина сметаат дека е најдобар меѓу голманите.
„Секој голман има свој стил и е поинаков од другите. Секако дека нашата основна задача е да ги сопреме топките, но исто така морате добро и да играте со топката кога во играта ќе ве вклучат соиграчите. Мислам дека Јан Облак (Атлетико Мадрид) и Едерсон (Манчестер сити) се совршени голмани за денешниот фудбал. Според мене тие се двајцата најдобри во светот“, рекол Тер Штеген.
Германецот, утре од 16:15 часот, ќе го брани голот на Барселона во големото дерби против Реал Мадрид.