Top Sport

Копа Америка ќе се игра во парните години

Советот на Светската фудбалска федерација (ФИФА) донесе одлука за промена на термините за одигрување на турнирите во Јужна Америка и Африка.

Првенството на Јужна Америка (Копа Америка), според одлуката на ФИФА, почнувајќи од 2020 година ќе се игра во парните години. Целта е Копа Америка да се игра во истата година кога се игра и Европското првенство.

Наредното издание на Копа Америка ќе биде во 2019 година во Бразил.

Советот на ФИФА, исто така по барање на организаторот на Африканскиот куп, одлучил од 2023 година, континенталниот шампионат на Африка, наместо во периодот јануари-февруари да се одржува во периодот јуни-јули.

Scroll to Top