Top Sport

(Видео) Тотенхем победи и остана во опсната зона, Вест Хем славеше со гол во 91-та минута

Фудбалерите на Тотенхем го победија Вулверхемптон со 1:0, но останаа меѓу трите најслабо пласирани екипи во лигата поради драматичната победа на Вест Хем од 2:1 над Евертон.

Во исто време, Ливерпул победи трет пат по ред во Премиер лигата, на „Енфилд“ падна Кристал Палас, со резултат 3:1. Ливерпул бодовно се израмни со Манчестер Јунајтед и Астон Вила во битката за Лигата на шампионите.

Вест Хем магично остана, во безбедната зона, благодарение на драматичната победа против Евертон со голот на Калум Вилсон во првата минута од судиското продолжение.

„Чеканите“, имаат два бода повече од Тотенхем на четири кола до крајот.

Покрај Вилсон, гол за Вест Хем постигна и Томас Соучек, за 1:0, но немаше спас за домашниот тим во 88-та минута кога Кирнан Дајузбери-Хол израмни.

Во тој момент, тој го испрати Вест Хем во зоната за испаѓање, со оглед на тоа што во исто време Тотенхем водеше во Вулверхемптон, но „чеканите“ го имаа последниот збор.

Вилсон, споменавме, беше на вистинското место во вистинско време и со смирен удар, го врати водството на тимот на Нуно Еспирито Санто, за делириум во Лондон.

Голот на Жоао Палиња во 80-та минута беше доволен за Тотенхем да го победи последнопласираниот Вулверхемптон. Голот на Португалецот е плод на среќа и негова снаодливост, а не плод на добра акција.

Ова е прва победа за Тотенхем во 2026 година во Премиер лигата. Претходно славеа во декември минатата година против Кристал Палас.

Екипата на Роберто де Зерби сè уште останува во опасната зона. Проблем за Тотенхем, во финишот на сеозната се и повредите на Доминик Соланке и Чави Симонс. Впечаток е дека двајцата доживеаја сериозни повреди.

Конечно, на „Енфилд“, Ливерпул забележа убедлива победа од 3:1 против Кристал Палас со головите на Александар Исак, Ендру Робертсон во првото полувреме и Флоријан Вирц во судиското продолжение, со што го запечатија триумфот.

Натпреварот беше обележан и со неспортски потег на играчот на Палас, стрелецот на единствениот гол за гостите, Даниел Муњоз, кој го искористи падот и повредата на домашниот голман Вудман и го лобуваше.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');