Хулен Лопетеги повеќе не е тренер на Реал Мадрид. Бордот на директори, синоќа, реши да му врачи отказ на тренерот со кого клубот бележеше катастрофални резултати, а во неделата доживеа дебакл во Барселона (5:1).
Лоптеги, на клупата на Реал дојде како главен актер во скандалот што ја потресе шпанската репрезентација. Сојузот му врачи отказ ден пред почетокот на Светското првенство во Русија, кога Флорентино Перез објави дека токму Лопетеги ќе го наследи Зинедин Зидан.
Најголем од шпанската јавност токму Лопетеги и Перез ги посочува како главни виновници за дебаклот што Шпанија го доживеа на Светското првенство.
Лопетеги стана тренерот што најкратко се задржал на функцијата кога претседател е Флорентино Перез. Тој нецели четири месеци го предводеше Реал, односно го водел тимот 139 дена. На 14 натпревари, во првенството и Лигата на шампионите, Реал под водство на Лопетеги забележал по шест победи и порази, а два пати тимот играл нерешено. Гол разликата од стартот на сезоната 21:20.
Инаку, пократко од Лопетеги, кога претседател бил Перез, на тренерската функција се задржал само Хуан Антонио Камачо, кој бил тренер 117 дена, но за разлика од Лопетеги, тој по шест натпревари си поднел оставка поради несогласувањата со претседателот.
Подолг стаж од Лопетеги на клупата на Реал имале Хозе Лопез Рамон Каро (178 дена), рафа Бенитез (215 дена),Вандерлеи Луксембурго (340 дена) и Мануел Пелегрини (358 дена).