Пари Сен Жермен го пречекува Баерн Минхен во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите (вторник, 21 часот), во натпревар кој многумина, потценувајќи ја втората полуфинална двојка (Атлетико Мадрид-Арсенал, го прогласија за финале пред финалето.
Двата европски гиганти влегуваат во борба за билет за Будимпешта, а нивниот судир во лигашката фаза оваа сезона, кога Баварците победија со 2:1 во Париз, дополнително ги загрева очекувањата пред овој двата натпревари.
Иако Баерн има психолошка предност со пет победи по ред против „Светците“ во Лигата на шампионите, тимот на Луис Енрике доаѓа како актуелни шампиони и во значително подобра форма отколку на почетокот на сезоната.
Двата тима делат слична филозофија – високо темпо, постојано движење и напаѓачка агресивност – но со тактички нијанси кои ветуваат врвен фудбал.
Со по 38 постигнати гола во ова издание на натпреварувањето, ПСЖ и Баерн се најефикасни сезоната. Овој податок гарантира огномет од голови.
Патот до полуфиналето дополнително ја потврдува силата на двата ривали – ПСЖ го елиминираше Ливерпул, додека Баерн го елиминираше Реал Мадрид.
Ваквите скалпови гарантираат дуел на највисоко можно ниво.
Историјата на меѓусебните средби е во корист на германскиот тим – во 15 натпревари никогаш немало нерешено, а односот на победи е 9:6 за Баерн.
Сепак, Парижаните можат да се потпрат на сценариото од минатата сезона кога, и покрај поразот од Арсенал во групната фаза, подоцна го елиминираа истиот тим во нокаут фазата.
Особено внимание се посветува на индивидуалните дуели низ теренот.
Капитенот на Пари Сен Жермен, Маркињос, ќе го израмни рекордот на Роберто Карлос од 120 настапи во Лигата на шампионите, додека од другата страна ќе биде енергичниот Хари Кејн, кој постигна гол во последните пет натпревари во натпреварувањето и веќе достигна 12 гола оваа сезона.
Формата на тимовите дополнително ја крева температурата пред дуелот.
Парижаните убедливо го победија Анже (3:0) и го држат врвот во Лига 1, додека Баерн со спектакуларен пресврт го победија Мајнц со 4:3, по 0:3 и веќе ја обезбедија 35-та титула во германскиот шампионат.
Баерн има кадровски проблеми, во тимот нема да бидат Серж Гнабри, Рафаел Гереро и Ленарт Карл, додека тренерот Венсан Компани е суспендиран и мечот ќе го следи од трибините, без можност да комуницира со своите фудбалери.
Најголем проблем за ПСЖ и Луис Енрике е Витиња, неизвесно е дали Португалецот ќе биде на теренот.
Foto/ fcbayern.com
