Top Sport

„Марка“: Шест играчи на Реал одбиваат да разговараат со тренерот Арбелоа

Лошата сезона на Реал добива нови болни продолженија на крајот. Прераната елиминација од трката за сите трофеи и серијата сериозни повреди на клучните играчи, во финишот стигнаа информации за Антонио Рудигер, кој му залепил шамари на повеќе од десет години помладиот Алваро Карерас, потоа за фактот дека соблекувалната не може да го поднесе најдобриот стрелец и првата ѕвезда Килијан Мбапе и дека вчера на тренингот во „клинч“ влегле капитенот Валверде и Чуамени.

Конечно, има приказни за конфликтот меѓу тренерот Алваро Арбелоа и голем број играчи. Дани Себаљос, наводно пред десет дена му порачал на тренерот повеќе да не му се обраќа.

Арбелоа знаеше дека на прес-конференцијата минатата недела ќе добие прашање за конфликтот со Себаљос, па го предвиде тоа велејќи на почетокот од средбата со печатот:

„Не се вклучувам во јавни дискусии за ситуациите што ги имам со моите играчи. Првото нешто што го научив кога пристигнав во Реал Мадрид пред 20 години е дека она што се случува во соблекувалната на Реал Мадрид, останува во соблекувалната на Реал Мадрид.“

Но, се покажа дека тоа е само практична шега. Бидејќи „Марка“ објави нов скандал од наводно непробојната соблекувална: „Шест играчи одбиваат да разговараат со Арбелоа. Нема никаков контакт меѓу нив и тренерот.“

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');