Фудбалерите на Реал Мадрид, Федерико Валверде и Орелијен Чуамени, беа казнети со по 500.000 евра од клубот за тепачка во соблекувалната.
По инцидентот, Уругваецот заврши во болница со повреда на главата, па нема да биде во составот за „Ел класико“, каде што Барса, со победа, би можела да ја потврди титулата.
Казната е доказ дека тепачка имало, дека Чуамени го нокаутирал Валверде и покрај тоа што Уругваецот, објави дека повредата ја добил кога удрил со главата во маса.
Ова што се случува сега е најмалиот проблем за клубот и Уругваецот… Пред најголемото дерби во Шпанија, ситуацијата во тимот е хаотична.
Во петокот, Реал го направи првиот чекор кон смирување на тензиите во соблекувалната и дисциплинирање на играчите со изрекување на најголемата казна во својата историјата.
„Фудбалскиот клуб Реал Мадрид објавува дека, по настаните што доведоа до покренување на дисциплинска постапка вчера против нашите играчи Федерико Валверде и Орелијан Чуамени, двајцата се појавија денес пред истражното тело на клубот. Во таа прилика, играчите изразија длабоко жалење за она што се случи и се извинија еден на друг“, се вели во соопштението на Реал.
Освен казната, Реал не изрече никаков друг вид санкција за Французинот и Уругваецот, па двајцата технички ќе бидат на располагање на тренерот Арбелоа до крајот на сезоната. Во пракса, само Чуамени, а не Валверде, кој ќе биде надвор од теренот од 10 до 14 дена.
Foto/ EPA
