Top Sport

(Видео) Сити не се откажува од шампионската трка

Во 35-то коло од Премиер лигата, Манчестер Сити победи против Брентфорд со 3:0 на својот стадион „Етихад“, во натпревар во кој домашниот тим забележа важни три бода во борбата за титуката.

Головите за Сити ги постигна Жереми Доку во 60-та минута, кога иницијативата на домашниот тим конечно донесе резултат, додека вториот гол го постигна Ерлинг Халанд во 75-та минута, со што ја потврди доминацијата на домашниот тим во второто полувреме.

Конечниот резултат го постави Омар Мармуш во втората минута од судиското продолжение.

Во текот на натпреварот, тимот на Пеп Гвардиола испрати дури 24 удари кон голот на противникот, со постојан притисок и контрола на топката, што на крајот резултираше со заслужена победа.

Арсенал сè уште води со два бода, додека Сити останува во директна трка за титулата и нема да дозволи неговите ривали да се одлепат на крајот од сезоната.

Оваа победа доаѓа по нерешениот резултат во минатото коло од Премиер лигата, па затоа реакцијата на Сити беше јасна, доминантен настап и враќање на победничкиот колосек во клучен момент од првенството.

Во следното коло, Сити го пречекува Кристал Палас на домашен терен.

Сабота:
Ливерпул – Челзи 1:1 (1:1)
(Грејвенберг 6 – Фернандес 35)

Брајтон – Вулверхемптон 3:0 (2:0)
(Хиншелвуд 1, Данк 5, Минте 86)

Фулам – Борнмут 0:1 (0:0)
(Рајан 53)
Сандерленд – Манчестер Јунајтед 0:0

Манчестер Сити – Брентфорд 3:0 (0:0)
(Доку 60, Халанд 75, Мармус 90+2)

Недела:
15.00 Барнли – Астон Вила
15.00 Кристал Палас – Евертон
15.00 Нотингем Форест – Њукасл
17.30 Вест Хем – Арсенал

Понеделник:
21.00 Тотенхем – Лидс

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');