Возачот на Дукати, Марк Маркез, нема да учествува на неделната трка за Големата награда на Франција, но ниту на трката во Каталуња следниот викенд.
Актуелниот шампион доби скршеница на стапалото во силен судир за време на спринт трката во Ле Ман и не доби дозвола од лекарите брзо да се врати на патеката.
Маркез беше исфрлен од своето Дукати пред последниот круг на легендарната патека, летна во воздух и имаше тешко слетување. Прегледите во медицинскиот центар покажаа дека тој претрпел фрактура на петтата метатарзална коска на десното стапало.
AN ABSOLUTELY MASSIVE CRASH for @marcmarquez93 💥
Thankfully he's up on his feet #FrenchGP 🇫🇷 pic.twitter.com/gyPcleGMFZ
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) May 9, 2026
Деветкратниот светски шампион ќе отпатува за Мадрид, каде што ќе мора да се оперира во наредните денови. Поради ваквите нови околности, Дукати објави дека Маркез нема да вози ниту во недела ниту на трката за Големата награда на Каталуња.
Повеќе информации за состојбата на Маркез се очекуваат во наредните денови, но 33-годишникот од Сервера успеа накратко да објасни што му се случило.
Повредата на стапалото е само најновата во низата проблеми за бранителот на титулата, кои не успеа да фати форма од почетокот на сезоната. Тој славеше двапати во спринтот, но неговиот најдобар резултат на главните трки е четвртото место во Бразил.
Маркез влезе во сезоната недоволно подготвен поради повредата на рамото што ја заработи на почетокот на октомври во Индонезија, но во последните недели тој нагласи дека неговиот проблем е новиот мотоцикл, а не повредата. Останува да видиме кога ќе го видиме актуелниот шампион повторно на патеката, а првата можност е Големата награда на Унгарија од 5 до 7 јуни.
Foto/ EPA
