Ракометарите на скопски Вардар го претрпеа вториот пораз во СЕХА-лигата оваа сезона. Свесно отпатува македонскиот шампион со втор состав со голобради момчиња во Брест, Белорусија кај Мешков, па затоа се враќа во Скопје со убедлив пораз од 15 гола разлика, 35:20.
Откако сите првотимци останаа во Скопје, а на клупата дебитираше екс-репрезентативката, Билјана Црвенковска, конечниот резултат не е големо изненадување.
Јања Војводиќ со 5 гола беше најефикасен во тимот на Вардар, Поповски и Атанасовски постигнаа по 4, а најефикасен кај домаќините беше Симон Разгор со 6 погодоци.
Претстојниов викенд во редовно коло од најквалитетната Лига на шампиони во Скопје повторно ќе се судрат истите противници.
Вардар ќе има можност за одмазда.