Top Sport

Платини: Златната топка дајте му ја на Варан

Поранешниот претседател на УЕФА; Мишел Платини, смета дека Златната топка, што ја доделува „Франс фудбал“, треба да му припадне на Рафаел Варан.

„Тој е единствениот кој во 2018 година ја освои Лигата на шампионите и Светското првенство. Последните сезони се води дискусија кој е подобар Меси или Роналдо, меѓутоа оваа сезона Варан може да се пофали со најзначајните трофеи во клупскиот и репрезентативниот фудбал. Мислам дека изборот никогаш не бил полесен. Секако дека тој мора да биде од Франција“, изјавил за радио „РМЦ Монте Карло“, Платини, кој во кариерата три пати ја добивал оваа престижна награда.

„Резултатите се единственото објективно мерило, останатото е субјективен впечаток. Секој од нас има свое мислење за Антоан Кризман, Килијан Мбапе, Оливие Жиру, Иго Љорис или Лука Модриќ, но единствено Варан ги освои двата трофеи“.

Платини потсетил дека и во минатото се случувало играч што игра во одбраната да ја освои Златната топка. Во 2006 година за најдобар беше прогласен Фабио Канаваро.

Наградата на „Франс фудбал за играч на годината ќе биде доделена на 3.декември.

Scroll to Top