Top Sport

ГРК Охрид победи кај Татабања, еден меч го дели од триумфален крај на европската сезона

Ракометарите на ГРК Охрид стакнаа минимална предност во финалето на Европскиот куп, против Татабања. Во Унгарија, ГРК Охрод победи 29:28 (13:8). Реваншот ќе се одигра на 31 мај во салата „Билјанини извори“ во Охрид.

ГРК Охрид пропушти шанса денс да го слави трофејот во Европскиот куп. Доминираа охриѓани во првиот дел, не му дозволија на домаќинот 16 минути да постигне гол, стекнаа предност од шест гола (11:5), Татабања врати со серија од три гола, а на паузата македонскиот тим имаше големи пет гола предност.

На стартото од вториот дел Татабања, повторно со три гола во низа ја намали разликата на три и во еден таков ритам се играше до 46-та минута.

Слично како и во финалето на Купот против Варда, ГРК Охрид влезе во „црна дука“. Му дозволија на противникот, со своите грешки, да фати ритам во нападот, судиите од Молдавија донесоа неколку дискутабилни одлуки во позла на Татабања, прблем направи и еден бизарен детал, кога на клупата на ГРК Охрид безуспешно се обидуваа да го закрпат дресот на Ованковиќ.

Сето ова придонесе Татабања во претпоследната минута прв пат имаа водство 28:27.

Сепак во финишот, Иванковиќ изедначи, Пилиповиќ се истакна со брилијантна интервенција, а потоа Ѓукиќ на три секунди до крајот го постави конечниот резултат.

Најефикасни во редовите на ГРК Охрид беа Иванковиќ и Ѓукиќ со по седум гола, пет гола, сите во вториот дел постигна Лијапис, а голманот Пилиповиќ забележа 10 одбрани.

Foto/ ohridnews.com

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');