Последното 38-мо коло од Премиер лигата даде конечен одговор на сите дилеми. Имаше многу желби, сите не може да бидат исполнети. Очекувано, Тотенхем го победи Евертон (1:0), што значи дека и покрај победата над Лидс (3:0), Вест Хем испадна од лигата.
Последното коло донесе многу емоции особено на „Ерихад“ и „Енфилд“. Пеп Гвардиола, Бернардо Силва и Џон Стоунс се простија од Манчестер Сити, а Мо Салах и Енди Робертсон од дресот на Ливерпул.
Оливер Гласнер последн пат го водеше Кристал Палас, додека Андони Ираола оствари историски резулта со Борнмут (шесто место) и се збогува со клубот.
Треба да се истакне дека Бруно Фернандеш, кој ден опретходно беше прогласен за играч на сезоната, ја забелеѓа 21-та асистенција во Премиер лигата, со што го сруши рекордот на Тиери Анри и Кевин Де Брујне.
Конечни резултати: Брајтон – Манчестер Јунајтед 0:3, Барнли – Вулверхемптон 1:1, Кристал Палас – Арсенал 1:2, Фулам – Њукасл 2:0, Ливерпул – Брентфорд 1:1, Манчестер Сити – Астон Вила 1:2, Нотингем Форест – Борнмут 1:1, Сандерленд – Челзи 2:1, Тотенхем – Евертон 1:0 и Вест Хем – Лидс 3:0.
Врз основа на конечните резултати, познато е кој ќе ја претставува Англија во европските натпреварувања следната сезона.
Новиот шампион Арсенал, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Астон Вила и Ливерпул одат во Лигата на шампионите. Екипите на Борнмут и Сандерленд ќе се натпреваруваат во Лигата на Европа, додека Брајтон ќе се натпреварува во Конференциската лига. Можно е и Кристал Палас да обезбеди европски натпревари, доколку во среда ја освои Конференциската лига.
Вест Хем е елиминиран од Премиер лигата покрај Вулверхемптон и Барнли, кои беа одамна беа отпишани.
