По девет години, во кои освои се што можеше да се освои, Енди Робертсон го напушти Ливерпул. Како што стојат работите, Шкотланѓанецот ќе ја продолжи кариерата во Тотенхем.
Тотенхем беше заинтересиран да го доведе Енди Робертсон во зимскиот преоден рок, но Шкотланѓанецот не беше подготвен да се збогува со Енфилд во тој момент.
Откако заврши сезоната, Робертон брзо постигнал договор за личните услови со Спарс, кои се спасија од испаѓање од Премиер лигата во последното коло.
Закажани се медицински прегледи, по што ќе биде потпишан договор.
Робертсон ќе игра на Светското првенство со Шкотска, и логично е што сака да го реши прашањето за продолжување на кариерата пред почетокот на подготвките на репрезентацијата.
Foto/ Depositphotos
