Top Sport

(Видео) Бразил ја декласира Панама, Германија сигурна против Финска

Фудбалската репрезентација на Бразил ја декласира Панама со 6:2, во подготвителниот натпревар одигран во Рио де Жанеиро.

Домашните поведоа практично од првиот напад. Во првата минута, Винисиус Жуниор го искористи додавањето на Касемиро испрати проектил во голот на Панама.

Панама се надеваше на подобар резултат кога, во 14-та минута, Амир Муриљо изведе слободен удар, а топката се одби од Матеус Куња го смени правецот и заврши во голот.

До крајот на полувремето, Касемиро ја врати предноста на Бразил во 39-та минута, а потоа се случи канонада пред голот на Орландо Москера. Стрелци беа Рајан во 53-та минута, Лукас Пакета во 60-та минута, Игор Тијаго во 63-та минута и Данило Оливеира во 81-та минута. Поразот на Панама го ублажи Карлос Харви со гол во 84-та минута.

По средбата, бразилскиот селектор, Карло Анчелоти беше задоволен од настапот.

„Прекрасна вечер, благодарение на навивачите кои обезбедија одлична атмосфера. Ваквата победа за Бразил претставува огромна инјекција на самодоверба. Одлично започнавме, со добар став и посветеност“, рече Анчелоти.

Пред почетокот на Светското првенство, Бразил ќе одигра натпревар и против Египет, Панама ќе има уште два подготвителни натпревари, против Доминиканската Република и Босна и Херцеговина.

Други резултати од контролните натпревари:

Германија – Финска 4:0 (Ундав 34 и 58, Вирц 48, Мусијала 53)

Еквадор – Саудиска Арабија 2:1 (Порозо 25, Валенсија 51 / Мандса 87)

Мексико – Австралија 1:0 (Васкез 28)

Швајцарија – Јордан 4:1 (Емболо 28 пен., Ндоје 33, Џака 45 пен., Фаснахт 79 / Фахури 52)

Полска – Украина 0:2 (Јаремчук 34, Јармоленко 44)

САД – Сенегал 3:2 (Дест, Пулишиќ 20, Балогун 63 / Мане 44., 52.)

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');