Top Sport

Чуамени за тепачката со Валверде: Медиумите пишуваа секакви глупости

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Орелијан Чуамени, за прв пат јавно проговори за инцидентот со соиграчот Федерико Валверде. Чуамени призна дека „нешто се случило“, но исто така нагласи дека целиот инцидент бил „преувеличен“ и дека сега „нема проблеми“ меѓу нив.

Реал Мадрид ги казни двајцата играчи со по 500.000 евра откако физички се пресметаа во тренинг кампот на клубот пред околу три недели.

Чуамени моментално е со репрезентацијата со Франција, се подготвува за Светското првенство, додека Валверде, кој по тепачката заврши во болница поради посекотина на челото и потрес на мозокот по расправијата, исто така ќе биде дел од Мундијалот со репрезентацијата на Уругвај.

„Секако дека нешто се случи, можевте да прочитате во медиумите“, им рече Чуамени на новинарите во неделата во кампот Клерфонтен во Франција.

„Сето тоа беше преувеличено бидејќи излезе во јавноста, а кога играш за Реал Мадрид, тоа предизвикува огромна реакција. Имаше многу глупости напишани во печатот. Прочитав дека имало тепачка и дека го удрив, што не се случи.“

„Нема да навлегувам во детали. Најважно е што клубот зна што се случи. Многу работи се случуваат во соблекувалната што не стигнуваат до медиумите. Животот продолжува. Феде и јас имаме заедничка цел: да освојуваме трофеи со Реал Мадрид. На лично ниво, во моментов нема проблеми со Валверде“, додаде тој.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');