Top Sport

На швајцарски репрезентативец му е забранет влез во САД

Швајцарската репрезентација отпатува во Соединетите Американски Држави без еден од своите најважни играчи. На Брил Емболо му беше одбиен влез во земјата.

Како што објави Швајцарската фудбалска асоцијација, проблемот се појави со ESTA дозволата за влез во САД, која одеднаш беше подложена на дополнителни проверки.

„За жал, Брил Емболо во моментов не може да патува во Соединетите Американски Држави со тимот. Неговата ESTA дозвола беше одобрена до утрово. Сепак, во 10:30 часот бевме информирани дека неговото барање е ставено на понатамошно разгледување. Моментално сме во контакт со надлежните органи и очекуваме Брил наскоро да ни се придружи“, се вели во соопштението на Асоцијацијата.

Сепак, Швајцарците веруваат дека ситуацијата ќе се реши брзо, што е потврдено и со соопштението на репрезентацијата на социјалните мрежи.

„Едно место е празно, но не за долго. Се гледаме наскоро, Брил Емболо“, соопшти репрезентацијата со фотографија од фудбалерите во авионот.

Засега не е познато зошто барањето на швајцарскиот напаѓач одеднаш беше ставено на дополнителна проверка, но во таборот на репрезентацијата очекуваат дека Емболо наскоро ќе добие зелено светло и ќе им се придружи на своите соиграчи.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');