Top Sport

Поарие ќе паузира девет месеци

Кошаркарот на Ефес, Винсент Поарие, ќе отсуствува девет месеци поради повреда на Ахиловата тетива, потврди клубот.

Искусниот 32-годишен француски центар ја претрпе повредата во понеделникот, за време на првиот натпревар од полуфиналната серија на турската Суперлига против Фенербахче.

Истанбулскиот клуб наведува дека станува збор за сериозна повреда и дека на Поарие ќе му бидат потребни најмалку осум, а веројатно и цели девет месеци за целосно да се опорави од неа, што значи дека нема да се врати на теренот во 2026 година.

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');