Top Sport

Едерсон од Аталанта се сели во Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед го комплетираше својот прв договор во летниот преоден рок. Нов играч на „црвените ѓаволи“ е 26-годишниот Едерсон од Аталанта. Бразилскиот играч од средниот ред пристигнува на „Олд Трафорд“ за 45 милиони евра (38 милиони фунти) и ќе потпише четиригодишен договор со клубот.

Договорот е структуриран така што Јунајтед првично ќе плати 34 милиони фунти, додека остатокот од сумата ќе биде исплатен преку бонуси, пишува „Дејли мејл“.

Трансферот на Едерсон е првиот чекор на тренерот Мајкл Карик во најавената реконструкција на средниот ред. Едерсон дојде во Аталанта пред четири години од Салернитана за 23 милиони евра. Оттогаш, тој постигна 16 гола во 180 натпревари. Тој има три настапи за бразилската репрезентација.

Челниците на Јунајтед сакаа да го обезбедат трансферот што е можно порано, поради што испрати делегација во Италија за да преговара не само за Едерсон, туку и за други потенцијални засилувања.

Дека заминувањето на Едерсон од Аталанта беше само прашање на време стана јасно минатиот месец кога тој беше изоставен од почетниот состав за последниот натпревар од сезоната против Фиорентина.

Тогашниот тренер, Рафаеле Паладино, потврди дека станува збор за одлука поврзана со трансферот.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');