Долгогодишниот спонзор на Фудбалскиот клуб Шкендија, „Еколог“, се огласи со соопштение, по жестоката казна што му ја додели Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
Поради многуте инциденти што се случија во финалниот натпревар, во Купот на Македонија, Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија, парични ја казни Шкендија со вкупно 105.000 евра и го исфрли клубот од натпреварите во Купот за сезоната 2026/27.
Реакцијата на Шкендија ви ја пренесуваме во целост:
„По неодамнешната одлука на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) против КФ Шкендија, спонзорот на клубот бара оваа скандалозна одлука итно да се преиспита и корегира.
КФ Шкендија е меѓу ретките клубови кои работеле со сериозност, коректност и целосно почитување на спортските и финансиските обврски. Нашиот придонес низ годините имаше големи трошоци, напори и жртви. Покрај тоа, Шкендија е клубот кој, со своите достоинствени настапи во Европа, го зголеми коефициентот на лигата, од кој имаат корист сите локални клубови и благодарение на што, од следната година, нашиот фудбал ќе има дополнително место во европските купови.
Затоа, неприфатливо е одлуките донесени на маса да му штетат на сериозен проект и да го наградуваат овој придонес со намерен удар. Овој пристап нè наведува и да ја разгледаме опцијата за повлекување од клубот/фудбалот во Македонија. Доколку ФФМ не ја повлече оваа одлука, тогаш ние како спонзор сериозно ќе размислиме за понатамошно продолжување, бидејќи оваа одлука ги крши правата и политиките на клубот.
Очекуваме органите на ФФМ итно да размислат, во интерес на спортската правда, клубот и иднината на фудбалот воопшто“.
